“НА ДНОТО” – Народен Театар Битола

Katerina Markoska

„На дното“ по текст на Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во изведба на Народниот театар од Битола претставува потресна контемплатција за современите општествени прашања. Публиката е повикана да се соочи со длабочината на дното, во кое што се наоѓаме како колектив. Оваа моќна и високо квалитена продукција става посебен акцент на состојбата на нашиот здравствен систем.