Моќна лекција за соживот – суштинска и неопходна во ова време на глобализација – нуди претставата “Слепци” во режија на Ќендрим Ријани, а во изведба на НУ Турски театар. Базирана на истоимениот драмски текст на Морис Метерлинк, и вплетени мотиви од книгата “Погубни идентитети” на Амин Малуф, Ријани ја става „Слепци“ во локален контекст, носи приказна што е истовремено универзална, безвременска и интимно препознатлива, создавајќи длабока поврзаност со сите нас.